Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Патуваат по светот, заработуваат од тоа и советуваат како и вие да успеете

(ФОТО) Патуваат по светот, заработуваат од тоа и советуваат како и вие да успеете

Кеш(29) и Џонатан(32) Хау се сретнале во Лаос во 2013 година. 

Двајцата пред тоа ја напуштиле работата, Кеш на Филипини, а Џонатан во Британија за да патуваат. 

Оваа двојка има свој блог, кој за нив е бизнис и обиколиле 70 земји. 

„Овие четири години за нас претставуваат микс од патувања и престој во многу земји. Живеевме заедно во Виетнам 8 месеци, потоа 7 месеци во Перу, во Богота во Колумбија 6 месеци и во Костарика 3 месеци“ - раскажуваат тие. 

Своето патување го финансираат со реклами од блогот и спонзорства од хотели и брендови. 

Сега планираат на брод да поминат година дена. 

Блогот го почнале кога биле на патување во Индија, а таму се обучувале за јога и масажа за што имаат сертификат и од тоа и заработуваат. 

Од Индија заминале за Јужна Америка. Од промовирање на дестинациите на блог заработуваат по 500 долари дневно. 

Слично

Поврзани вести