ФОТО: Патува по светот 5 години, еве како тоа може да си го дозволи…
Пред 5 години, месец дена пред нејзиниот 26 роденден Нина Рагуза слетала во Банкок.
Живеелеа на Флорида, а за ова патување се подготвувала и штедела две години.
Преку ден работела во адвокатска канцеларија, а ноќе работела на промоции во кафулиња.
Во меѓувреме за „Business Insider“ од Австралија, каде моментално се наоѓа објаснила што се поминала и доживеала.
„Планинарев во вулкански кратер за да го видам синиот камен кој доаѓа од земјата во Индонезија. Нуркав со ајкули во Малезија. Шетав по древни храмови и видов татко и брат на пријател кои станаа монаси. Јадев се и сешто и планинарев со орангутани на Суматра“ - раскажува Рагуза.
Пливала, скијала на вода, видела необични предели, запознала нови култури.
Во Бангкок стигнала во 2011 година со 6.000 долари в џеб. Во 2012 година почнала со онлајн часови по англиски јазик и фри ленс пишување.
Додека патувала во југоисточна Азија успеала да заработи по 1000 или 2000 долари месечно, а да живее со 700 долари.
Мисијата на Рагуза е да живее на сите седум континенти.


