(ФОТО) Патува низ светот без пари: Ја напуштил работата од канцеларија и си го остварил сонот
Ричард Тилни Басет од Велика Британија одлучил во јули минатата година да ја напушти работата во канцеларија и да се впушти во авантура.
Секој од нас сонува за пат околу светот, а тој одлучил тоа да го спроведе во дело и без пари.

Иако неговиот план звучи навистина невозможно, сметајќи дека парите секако му се потребни за храна, карти, сместување и останати дневни трошоци, Басет дошол до една идеја-да нуди свои услуги на фотографи во разни делови од светот во замена за превоз и сместување.

Недолго потоа, почнал да ја шири работата и во други земји. Од лани , кога почнал да се занимава со фотогафирање, имал 64 повици. Правел фотографии на места или настани во Италија, Франција, Швајцарија, Кенија и многу други земји.

Добил шанса да го фотографира меѓунардониот маратон во Уганда одржан во мај оваа година. Оние кои ги сакаат неговите фотографии му организираат сместување, храна и превоз, додека за фотографиите не плаќаат ништо.

Желба му е да го посети секој континент и не планира да престане со оваа работа, бидејќи како што вели има уште многу работи да види.
