Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) „PATEK PHILIPPE“ – луксузниот швајцарски бренд прослави 175 години постоење!

(ФОТО) „PATEK PHILIPPE“ – луксузниот швајцарски бренд прослави 175 години постоење!

Пред неколку дена „PATEK PHILIPPE“ брендот го прослави својот 175 роденден ...

Како што е и очекувано, швајцарскиот произведувач на луксузни часовници креираше неверојатен часовник по овој повод „Grandmaster Chime“. Овој часовник е уметничко дело и механичко чудо, а претставен е во рачно гравирано куќиште од злато, кое има пречник од 47,7 мм и во кое се поврзани 20 механизми, со ни помалку ни повеќе 1366 делови. Најневеројатниот механизам од сите е grande sonnerie, воедно еден од најтешко конструираните механизми во часовичарството кое автоматски ги означува часовите и четвртиот час со звук како три гонга. Покрај овој механизам тука е и вечниот календар.

Само седум од овие хронолошки ремек дела ќе бидат креирани, а нивната цена ќе биде 2,7 милиони долари. Шест часовника ќе бидта достапни за купување, додека седум ќе бидат изложени во  „PATEK PHILIPPE“ музејот во Женева.

 
Слично

Поврзани вести