Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Парче рај за 14 милиони долари

(ФОТО) Парче рај за 14 милиони долари

Доколку сакате да избегате од градската врева, нема подобар начин отколку да си купите еден острови на Малдивите. За ова е потребно да ја олесните сметката во банка за „само“ 14 милиони долари.

Новиот сопственик на островот Оривару, со површина од 14 хектари, ќе добие и дозвола за градење на хотел и спа-центар.

Островот е дел од Нуну коралните острови, кој се наоѓа на околу 150 километри сверно од Мале, главниот град на Малдиви. Од 71 остров само 13 се населени, а најблиску е Минавару со хотелот „Хилтон“ и спа-центарот.

Инаку, Малдивите кои се состојат од 1190 острови, важат за една од најпосакуваната туристичка дестинација, поради преубавите песочни плажи и кристална вода, а и поради неверојатно разновиднот животински свет.

Дозволата за градба која се добива со купување на островот и која ја издава министерството за туризам, предвидува градење на одмаралиште со 100 луксузни соби на копно и на вода. Освен тоа, се смета  на неколку ресторани и спа-центри.

Руски инвеститор неодамна купи остров во северниот дел на коралските острови за 35 милиони долари.

 
 
Слично

Поврзани вести