(ФОТО) Панорамските автобусите кои возат бесплатно до Скопје Сити Мол
Ова се панорамските автобусите со кои ќе можат да се возат сите граѓани кои ќе сакаат да бидат дел од „Late Night Shopping“, денес и утре во Скопје Сити Мол.
Автобусите се обраќаат на линијата со број 15.
Се’ е подготвено за големиот почеток на овогодишнешниот Late Night Shopping, кој официјално започнува денес, од 18 часот. Сите правци денес и утре, 3-ти и 4-ти јули водат кон најпознатиот и најголем трговски центар кај нас, Skopje City Mall.
Да се напомене дека и најмалите се вклучени во ова дводневно неверојатно шопинг искуство. Креативни дизајнерски работилници за најмалите и најмилите со меѓународниот институт за мода ,,Изет Цури” ќе се одржуваат во игротеката ,,Imaginarium”, денес, 3-ти јули од 18 часот до 20 и утре, 4-ти јули од 12 до 14 часот. И пред самиот почеток на дводневното шопинг лудило, Скопје Сити Мол го посетија неколку модни блогерки кои ќе ги надополнат своите стајлинзи и купат омилените парчиња по ниски цени.
Овој настан од светски размери не се пропушта. Skopje City Mall докажува дека трендовите на шопинг до доцна се возможни и примамливи.
Сe’ што ќе се посака од убаво, позитивно и атрактивно, Late Night Shopping започнува денес.

