Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Овие компании нудат најдобра храна на своите летови

(ФОТО) Овие компании нудат најдобра храна на своите летови

Колку пати досега глади нагодувавте што за ручек ќе ви биде послужено за време на долгиот лет, а потоа се разочаравте кога добивте невкусен сендвич?

Еве неколку начини да не се разочарувате, и доколку сте во можност, изберете компанија која води сметка за кетерингот кој го послужува.

Емирати

Храната на летовите на оваа компанија, патниците често ја опишуваат како сјајна и вкусна.

Седум различни јадење се послужуваат на кинески порцелан со одличен избор на вино. Наградуваните кувари направиле мени кое не е само тука да ги импресионира патниците, туку е и здраво, преполно со салата и со што помалку сол и шеќер.

Ирански кавиер, јагнешки котлети, зеленчук и пири. Со тоа шампањ, традиционално арапско мезе и коктели. За крај колач од лешник...

Храната во првата и бизнис класата на оваа авио-компанија ја споредуваат со оброк во светски ресторан со пет ѕвезди.

Оман Ер

Оваа компанија најмногу ја фалат поради малите и интимни кабини кои даваат чуство на приватност но и по исклучителните оброци.

Кавијар и шампањ, канапеи, предјадење, супа од тиква и јаболко, филе, лосос, прелив од маслинки, рижото со аспарагус.

Сингапур Ерлајнс

Во економската класа, наводно, нема подобра храна од онаа во авионот на Сингапур Ерлајнс.

Вечерата нуди избор на истокот и западот: Малезиски специјалитети, ароматично рижото со кокосово млеко и зачинети тестенини.

Со тоа се нуди ужина, неограничени топли напивки и вино.

Кога економската класа е во прашање, на добар глас се и Туркиш Ерлајнс, Кореан Ер и Вирџин Атлантик пишува News.com.au

Слично

Поврзани вести