ФОТО: Овие градови ги нарекуваат „мали Венеции“
Има повеќе градови кои ги нарекуваат „мали Венеции“.
Анес - омилена дестинација на Наполеон. Анес, бисер на Горна Савоа, средновековниот главен град на округот Женева, е на реката канал Тиу - природно продолжение на езерото. Во август, кога цела Франција патува, на бреговите има барем 250000 луѓе. Можете да посветите неколку часа на замокот Ментон Сен Бернард крај самиот брег.
Бриж
Во Бриж има доволно работи за познавачите на северната архитектура и естетика. Средновековен дух владее во градот - престолнина на провинцијата Западна Фландрија, речиси на час со воз од Брисел. Најдоброто нешто е тоа што во историскиот центар нема автомобили, а единствено возило се чамците.
Луцерн
Луцерн е еден од најубавите и најскапи градови во Европа, е се наоѓа околу бреговите на реката Реус и крај истоименото езеро. Капелброке е најстар дрвен мост во Европа - 204 метри, а во средината негова е највисоката 34 метрарска Водена кула. Таа е и своевидна галерија - изложени се слики од познатите и анонимни мајстори.
Колмар - бајка без крај
Колмар, еден од дијамантите на Алзас и воопшто на Европа, е лоциран на реките Ил и Лош. Во историјата му нема рамен, пред векови бил во светата римска империја, подоцна во Франција, во Германија. Улички се прекрасни - како вечен декор за филм, зградите - неверојатно убави и шарени. Ренесансата и богатството се насекаде. Ако имате пари, уживајте во локалните Алзас вина. Тука е нивната престолнина.





