(ФОТО) Овие деца ги ризикуваат животите за да дојдат до училиштето!
Наставата само што започна, започна и грижата на родителите децата внимателно да преминуваат преку пешачкиот премин.
Доколку живеат малку подалеку од училиштето, воглавно некој од родителите ги пречекува и прави се своите деца да ги заштити што е можно подобро.
Меѓутоа во некои делови од светот, децата би дале се грижата околу пешачкиот премин да им е единствена препрека до училиштето и образованието. Тие прават се, дури и невозможното, како би се описмениле, училе и дружеле со своите врсници.
Некои од нив немаат струја, превоз, комотни школски клупи, а пак одат насмеани на час, па дури и кога го ризикуваат својот живот.
Додека од друга страна, на оние на кои се им е обезбедено, во школо одат без воља, на часовите или спијат или зборуваат, не грижејќи се за зборовите на професорот или учителот.
Учителот Ли Гилин им помага на децата да се качуваат на дрвени скали како би дошле до училиштето кое се наоѓа на 2800 метри висина, во кинеската провинција Сицуан. Децата поминуваат цела работна недела во училиште, кога за викенд го поминуваат овој опасен пат за да се вратат во своите домови.




