(ФОТО) Ова се најскапите градови за живот во светот
И покрај екстравагантниот живот во Азија и на Блискиот Исток, најскап град за живот е Хамилтон на Бермудите.
И оној кој таму оди како турист треба добро да го наполни паричникот.

Просечните трошоци се 4.769 долари, а зад него е Сан Франциско со 4.612 долари месечно.
Во Њујорк просечниот месечен трошок е 4.207 долари.

Подолу на листата се Женева во Швајцарија со 3.314 долари, Хонг Конг со 3.244, Лондон 3.228, Дубаи 3.006, Сингапур со 2.940 долари, Хонолулу, САД со 2.906 долари, Сиднеј, Австралија со 2.888 долари, Рејкјавик, Исланд 2.874, Доха, Катар 2.819, Осло, Норвешка 2.606, Луксембург 2.476, Даблин, Ирска 2.374 долари, Копенхаген, Данска 2.360, Насау, Бахами 2.307, Венеција, Италија 2.277, Окланд, Нов Зеланд 2.228, Токио, Јапонија со 2.208 долари.

