Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Ова се најопасните места на светот…

ФОТО: Ова се најопасните места на светот…

Најопасните места на планетата секоја година ги привлекуваат љубителите на екстремните спортови.

2

Посетата на овие локации дури носи сериозни ризици за животот.

3

Патот на смртта - Боливија

Патот е изграден од парагвајските затвореници за време на војната меѓу Боливија и Парагвај во 1932 година. Свиоците и лошиот коловоз се причини за секојдневни сообраќајни несреќи на 64-километарска патека. Патот е исклучително опасен, бидејќи нема заштитни огради, лентата за движење е една, а згора на тоа и временските услови ретко се поволни.

Врвот Вашингтон - Њу Хемпшир, САД

Тоа е едно од највисоките и најубавите места во североисточните држави, но и најмногу непредвидливи, поради променливите временски услови. Познат како “Дом на најлошото време во светот", врвот Вашингтон е висок 1 916 метри. Временските услови се споредливи со оние на Монт Еверест. Најголемата брзина на ветрот е 372 километри на час.

Планината на мртвите - Русија

Локалните жители ја нарекуваат „Планината на мртвите".  Мистериозниот случај „Датлов" е настан кој доведе до смрт на деветмина скијачи во северниот дел на Урал во 1959 година. По инцидентот планинскиот премин е наречен премин Датлов, по водачот на групата - Игор Датлов.

Слично

Поврзани вести