Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Ова се најоддалечените острови…

ФОТО: Ова се најоддалечените острови…

Ако сте уморни од бурното секојдневие и сакате да се нурнете за неколку минути во прекрасен свет, видете ги овие острови, оддалечени илјадници километри од континентите.

ostrovite-galapagos-ziv-muzej-i-dokaz-za-evolucijata-na-svetot-3 Moais at Ahu Tongariki (Easter island, Chile) 12814604_490814884443404_1822671201852370766_n

островите Галапагос

Претставуваат архипелаг од 60 острови, кои се расфрлани околу екваторот. Се наоѓаат на 972 километри од Еквадор. Познати се по убавата природа, а се опишани уште од Чарлс Дарвин, кој ги споменува во „Потеклото на видовите".

остров Ату

Се наоѓа на западниот крај на Алеутските острови, најисточната точка на САД. Растојанието до цивилизацијата е 1770 километри. Имајте на ум дека населението е само 20 луѓе. Иако времето таму е сурово, глетката е уникатна.

остров Света Елена

Сместен е меѓу водите на Атлантскиот Океан, на 2.800 километри од брегот на Африка. Откриен е од португалски морепловци во 1502 година. Островот станува многу познат благодарение на Наполеон Бонапарта, кој имал егзил тука последните години. Туристичкиот интерес за овој остров во најголем дел е поврзан токму со овој аспект од историјата. Островот е именуван по мајката на првиот христијански римски император Константин I,  Елена од Константинопол. Денес населението на Света Елена е 4255 луѓе.

Велигденски острови

Се наоѓаат во Тихиот Океан на 3514 километри од Чиле. Името е дадено од првиот запишан европски посетител на островот, холандскиот патник и истражувач Јакоб Рогевен на Велигден, 5 април 1722 година.  Кога Јакоб Рогевен пристигнува на островот, тој затекна 2000-3 000 лица од автохтоно потекло. Подоцна посети на овој остров прават и капетан Џејмс Кук, капетан Жан-Франсоа Лаперуз и други.

VIEW_ST_HELENA

Слично

Поврзани вести