ФОТО: Ова е најстарото шпанско село во Куба
Едно од најпознатите ретко посетени катчиња во Куба е Баракоа.
До пред 50 години тука немало друг пат, освен по вода. Селото Баракоа го посетил Кристофер Колумбо на 27 ноември 1492 година. Ова е најстарото шпанско село во Куба и првата престолнина. Во 1511 година селото во град го претвора шпанскиот освојувач, Диего Веласкез. Се смета дека името Баракоа произлегува од локалниот јазик Арауака, на кој зборот значи „присуство на морето“. Баракоа се наоѓа околу заливот Баија де Миел и е опкружен со широк планински венец што го остава прилично изолиран и до денес. Еден планински пат води до селото.
Некогашните жители на островот биле Индијанци. Денес жителите се од мешани раси.
Кристофер Колумбо пишува во својот дневник за ова место дека е едно од најубавите на светот.
Највисоката точка на патот до Баракоа е на 600 метри и поминува низ 11 мостови. Во околината има плантажи се банана, кокос и какао. Баракоа е главен производител на чоколадо во Куба.



