ФОТО: Ова е најскапиот хотелски апартман во светот
Независно од тоа дали гостите навистина имаат потреба од вистинско обезбедување или само се параноични, никаде не постои подобрар хотелски апартман во светпот од „Royal Penthouse Suite“ во хотелот „President Wilson Hotel“, кој има директен панорамски поглед на езерото Женева и на врвот Мон Блан.
Со блиндиран врати и прозорци, тоа е совршенно безбедно место при посетите на шефови на држави или други славни личности. Апартманот го зазема цел горен кат на хотелот со површина од 1680 квадратни метри, има свој приватен лифт кој ги разнесува гостите низ 12-те соби, големо пијано, билјард соба, библиотека и приватен фитнес центар.
Според рангирањето за 2012-та година, ова е најскапиот хотелски апартман во светот. Една вечер спиење чини рекордни 65 000 долари.







Слично
