ФОТО: Ова е магијата на Баку...
Баку, град кој во целата своја многувековна историја ги поврзува Истокот и Западот, денес восхитува со единствено културно наследство и со динамичниот стил на живот.

Баку личи на Дубаи на Касписко Море. Не треба да го пропуштите културниот центар „Гајдар Алиев" дизајниран од култната архитектка Заха Адид, ресторанот Telequlle во телевизиската кула, Плоштадот на фонтаните, Палатата на шеиците ...

На 50 километри јужно од Баку се наоѓа друго чудо - Гобустанскиот државен резерват каде ќе останете зачудени од карпестите цртежи од мезолитот.
Модерниот Баку се состои од три дела: Стариот Град, најнапредниот комерцијален дел од градот (бумград) и делот изграден од советските власти.
Според пописот од 2011 година, Баку има 2,045,815 жители.

Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел на градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Тој е изграден по огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура. Модерен Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.
