Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Охридска банка отвори нова експозитура во Чаир

(ФОТО) Охридска банка отвори нова експозитура во Чаир
Охридска банка продолжува со експанзија на македонскиот пазар преку проширување на деловната мрежа со нова експозитура во општина Чаир. Новата експозитура ја отворија Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка, Јитка Пантучкова и Претседателот на советот на општина Чаир, Захир Бектеши. „Со отворањето на оваа експозитура денес, горди сме што можеме да кажеме дека го покривме најголемиот дел од пазарот во Скопје, со еднаков пристап во опремувањето на сите експозитури, во согласност со стандардите на Сосиете Женерал во поглед на безбедност. На овој начин сме поблиску до нашите клиенти, осигурувајќи највисоко ниво на квалитет на услугите“,  истакна Јитка Пантучкова Охридска банка како дел од големото семејство на групацијата Сосиете Женерал, активно се вклучува во поддршка на локалните институции во решавање на секојдневните прашања. Својата хуманост  и грижа за најранливите слоеви во општеството уште еднаш ја потврди со донација на клима уреди на детската градинка „Фидани“ од Скопје. Исто така беше доделена монографија од нумизматичката колекција на Охридска банка за библиотеката на средното училиште „Арсениј Јовков“ од Скопје. Деловната мрежа на Охридска банка брои 29 експозитури, од кои 12 во главниот град, а останатите ширум градовите во Р. Македонија.
Слично

Поврзани вести