(ФОТО) Одржана првата македонска туристичка берза
Хотелите, рестораните, превозниците, винариите и туристичките и планински водичи од земјава денеска имаа можност своите услуги и производи да им ги понудат на Агенциите за дојдовен туризам.
Сето тоа беше овозможено од Новоформираната Национална асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) .

Влатко Сулев кој е претседател на асоцијацијата рече дека оваа форма на организирано среќавање на понудата и побарувачката во туристичкиот сектор често се применува во развиените држави како можност сите чинители да се соберат на едно место, да разменат идеи и да се информираат за новитетите во индустријата.



Одржувањето на туристичката берза како начин за подобрување на туристичката понуда во Македонија беше потпомогнато од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) преку програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) .




