(ФОТО) ОД ЛУЃЕТО НЕМА ФАЈДЕ: Пес со денови заробен на водопадите на реката Уна
Во националниот парк Уна, во Босна и Херцеговина се одиграла вистинска драма која го заинтересирала цел регион!
На водопадот, поточно на карпата на површина од еден метар квадратен беспомошно седел еден пес и чекал некој да го спаси!
Фотографиите од песот кој беспомошно седи се споделуваа на социјалните мрежи заедно со молби некој да иде на водопадот и да му помогне на животното.
Добрата вест стигнала вчера од националниот парк Уна - го натерале песот да скокне и го спасиле од водата!
- Со довикување го натерале песот да скокне во вода и со борба успеале да го наведат да премине на Хрватската страна на реката Уна. Имал среќа со оглед на тоа дека бил при крај со силите. Се надеваме дека ќе преживее. Врз основа на добиените информации, заклучуваме дека во текот на ловните активности од хрватската страна и прогон на дивјаците кои често во бегство знаат да ја препливаат реката Уна, овој пес тргнал по нив и завршил во реката, но за разлика од нив не успеал да премине на другиот бред - наведуваат од тој национален парк.


