(ФОТО) Нова ера на џинсот во CELIO*
Фармерките се есенцијален дел од машката гардероба - лежерни, шик или пак во спортска варијанта .

Дизајнирана за
да ги задоволи потребите на купувачите, нивниот вкус и очекувања, новата
колекција на фармерки од Celio* нуди голем број на модели и
посветеност на детали која го движи брендот веќе 30 години. Класични и модерни
кроеви кои доаѓаат во голем број нијанси, доработени со беспрекорни детали,од
материјал кој е издржлив и отпорен на кинење.

Последната иновација на Celio*, POWERFLEX техонологијата, нуди револуционерен пристап во еластичноста на фармерките и овозможува нова слобода во движењето.

Иновативниот материјал го комбинира автентичниот деним изглед и екстремна удобност во секојдневното облекување и дополнително ја зголемува издржливоста и отпорноста на кинење.

„Слим“ фармерките никогаш до сега не биле толку удобни!


