(ФОТО) „NOBU“ Хотелот пристига во Лондон во 2016
Познат по својот истоимен ланец на ресторани, готвачот Nobu Matsuhisa отвара хотел во Лондон во 2016 година...
Компанијата „Nobu Hospitality“, го отвора својот прв хотел во Европа, во Лондон.
Проектот на новиот хотел, кој треба да се отвори во 2016 година е петокатница со футуристички изглед. Фасадата е изградена од слоевито високо рефлектирачко стакло, како би се овозможила светлост со обезбедување на потребната приватност. Терасите се од бетон, а гостите ќе имаат прилика да уживаат во преубаво средениот двор.
Според прелиминарните податоци, „Nobu“ хотелот ќе има 156 соби и се наоѓа на улицата Willow Street. Менито на ресторанот се`уште не е познато, но на него вредно ќе работи фирмата и секако самиот Nobu Matsuhisa.




