Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) „NESCAFÉ“ ве буди и наградува со топло кафе и подароци

(ФОТО) „NESCAFÉ“ ве буди и наградува со топло кафе и подароци

NESCAFÉ во студените предновогодишни утра тргна во акција за расонување и загревање на граѓаните што случајно ќе ги сретне низ градските улици. Од 10 до 31 декември, случајните минувачи на најфреквентните улици на главниот град имаат можност да уживаат во вкусот на NESCAFÉ Classic и NESCAFÉ 3in1. Покрај жителите на Скопје, топлото кафе деновиве стигна и до битолчани, прилепчани и струмичани.

Skopje2

Оние кои во рамките на кампањата „NESCAFÉ ве буди и ве наградува“ првото утринско кафе ќе го испијат на градските улици, во духот на претстојните новогодишни празници добиваат и интересни подароци. Имаат можност да извлекуваат картички што им носат вредни подароци, меѓу кои има црвени NESCAFÉ шалови, термоси, шолји, нотеси, NESCAFÉ производи и други награди.

Skopje3

Тимовите на NESCAFÉ исто така ги посетуваат и факултетите и читалните, за да им помогнат на студентите при подготвувањето на испитите. Со освежувачкото NESCAFÉ 3in1, студентите се дружат на паузите од учењето, а добиваат и NESCAFÉ 3in1 „индекси“ со гратис кафе.

Strumica

Студентите што ги пополнуваат овие „индекси“ на креативен начин, ги фотографираат и ги испраќаат на Facebook страницата NESCAFÉ 3in1, како подарок може да добијат пакет NESCAFÉ 3in1 кафе.

Bitola

Авторите на фотографиите кои ќе соберат најголем број лајкови во Facebook албумот ќе добијат залиха од ова омилено кафе за целата академска година! На студентите до сега им се поделени 50.000 индекси и околу 80 подароци.

Skopje6

Кафето е пијалaк, кој после водата, е најконсумиран во светот, а според некои проценки, дневно се пијат околу 1,4 милијарди шолји од оваа магична напивка, чија историја датира од IX век. Зборот „кафе“ потекнува од арапскиот збор „kaveh“, што во превод значи сила и енергија, кои во оваа прилика низ вкусот на првото утринско кафе, NESCAFÉ им ги подарува на граѓаните на Македонија.

Слично

Поврзани вести