(ФОТО) Не престанува да вее силен снег на стража, сообракајот отежнат
Не престанува да вее силен снег на стража. Возилата се движат по многу отежнати услови, а некои од нив се блокирани и заглавени. На терен има само едно возило за расчистување на снегот. Им препорачуваме на оние кои патуваат или планираат да патуваат во тој регион да возат со зимска опрема.
Во 12:00 часот воведена е забрана за Тешки Моторни Возила на планинскиот премин Стража како и на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови до Дебар поради врнежи од снег.
Препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.





