Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Најскапиот апартман во Њујорк изгледа вака!

(ФОТО) Најскапиот апартман во Њујорк изгледа вака!

На Менхетен се наоѓаат голем број познати згради, кои со голема количина на историја, на своите жители им нудат и луксузни погодности ...

Една од најпрестижните адреси на овој дел од Њујорк е секако The Pierre хотелот. Сега посетителите на Њујорк со длабоки џебови имаат шанса да изнајмат цел кат од овој хотел, заедно со Presidential апартман, за 500.000 долари месечно. Според оваа сметка, ова е најскапиот резиденцијален простор за изнајмување во Њујорк.

Покрај ултра луксузниот апартман, во овој пакет е и пристапот на сите други простории на овој кат, што ви дава вкупно околу 700 м2 животен простор, односно шест спални соби и шест толаета. Како шлаг на тортата е и пристапот со сите погодности на овој хотел: рум сервис два ресторани кои се во негови рамки, одржување и услуга на батлер, спа третмани во вашата соба, како и опција на изнајмување на приватен  Pierre Jaguar.

Овој стан има чист поглед на Централ Парк, додека Jacqueline Kennedy Onassis Reservoir, George Washington мостот, Wollman лизгалиштето, и Plaza хотелот се гледаат од другата страна. Доколку поседувате помал куќен миленик - без гајле, и тој може да тргне со вас.

Доколку никој не сака да изнајми цел кат. постои опција за изнајмување само на Presidential апартманот за 400.000 долари месечно, додека оние кои сакаат да престојуваат во него пократко време може да платат 20.000 долари за една ноќ.

Слично

Поврзани вести