Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Најмалите држави во светот - туристички атракции

ФОТО: Најмалите држави во светот - туристички атракции

Според некои истражувања, најмалата држава на светот е Сијленд. Тоа е непризнаена микро-држава со површина од 550 м², сместена на напуштена воена платформа во теснецот Ламанш, блиску до Англија.

Маршалски Острови (181 км²)

Мала по површина, но егзотично убава, оваа тихоокенска држава е микс од корални острови и Атол, опколени од кристални води. 

Лихтенштајн (160 км²)

Лихтенштајн е држава која ги комбинира  старите традиции и современите текови. Лоцирана е во едно од најубавите делови на Европа - во долината на реката Рајна, меѓу величествените сртови на Алпите.

Сан Марино (61 км²)

Сан Марино е држава која е опколена целосно од Италија и се смета за најстарата република на светот - основана во 301 година.  На малата површина се собрани стотици историски и културни знаменитости.

Тувалу (26 км²)

Тувалу е Пацифичка држава која пред 1976 година била позната и како Елис. Лоцирана e врз  Атол во Полинезија, меѓу Хаваите и Австралија. Тувалу има прекрасни плажи со гребени и палми.


Слично

Поврзани вести