(ФОТО) Најинтересните светски пасоши-изненадувачки ефекти на кои не сте помислувале досега
За разлика од нашите монотони пасоши, документите на скандинавските земји прилично се разликуваат бидејќи се во бела, тиркизна или црвена боја-и содржат изненадувачки „додатоци“ кои на цариниците би требало да им ја олеснат проверката.

Норвешка во 2014 година целосно ги редизајнирала пасошите, кои се заснова на тема-норвешки предел. На страниците може да се видат највпечатливите предели во земјата, и покажуваат природни феномени кои можат да се видат само под одредени околности.

Кога цариникот или било кој друг го стави нивниот пасош под ултравиолетово светло ќе види како Поларната светлина се менува.

Финскиот пасош исто така го покажува нордискиот дух. На дното на секој документ се наоѓа лос (животно) и ако листате низ страниците ќе видите како ова животно „трчиниз документот“.

Сличен ефект може да се види и на словенечките пасоши.

И канадските пасоши под UV светло покажуваат нешто интересно.

Пасошите на Обединетото Кралство покажуваат луѓе кои ја обележале нивната историја.

Филипинските пасоши имаат многу импозантен орел.

