(ФОТО) Најголемата „човечка“ елка направена во Хондурас
Новогодишната елка која со своите тела ја направиле 2945 лица во главниот град на Хондурас е најголемата „човечка“ елка на светот.
„Во име на Гинисовата книга на рекорди, задоволство ми е да соопштам дека народот на Хондурас во Тегусигалапи го урна рекордот на најголемата „човечка“ елка на светот“, изјавил Карлос Мартинес, претставник на Гинисовата книга, пренесува АФП.
Примајќи го сертификатот, претставникот на Хондурас Хуан Орландо Хернандес, изјавил дека е постигнат „неверојатен подвиг“.
Слично

