(ФОТО) Модерниот воз пуштен во употреба, еве на кои линии ќе сообраќа
Првиот од шесте кинески возови кои Македонија ги нарача од Кина, денеска беше пуштен во редовен сообраќај.
Шесте нови гарнитури се со капацитет од околу 1.200 патници или секоја по 200 патници, а ќе се користат на најфреквентните линии.
Новиот воз сообраќа на редовните линии од Скопје за Велес во 9 и 13,20 ч., од Велес за Скопје во 11,50 и 14,25 ч. и од Скопје за Табановце во попладневните часови.
Тој со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, и вакуум-тоалети.
За набавката на новите возови ќе бидат потрошени 25 милиони евра, а производител на новите возови е кинеската компанија „ЦСР“
Слично

