Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МИКОНОС: Најбараната дестинација од богаташите на која ќе најдете прекрасни мирни плажи

(ФОТО) МИКОНОС: Најбараната дестинација од богаташите на која ќе најдете прекрасни мирни плажи

Грчкиот остров Миконос ги нуди некои од најпознатите стилски хотели во земјата. Тој е популарен како место за забава и деноноќни журки, но на островот може да уживате и во вистински луксуз. 

Ви пренесуваме 10 љубопитни факти за Миконос, претставени од изданието Best of Greece.

10. Најмагично место на островот е самиот град, кој ги задржал традиционалните црти и прекрасната култура на островот

9. Плажните барови се едни од најпознатите места во земјата за забави. Тие траат цел ден и цела ноќ.

8. Меѓу помирните плажи кои може да ги посетите со кристално чиста вода е „Au Yiannis Beach“.

7. Гранд хотел Миконос е најдобро место на кое можете да се сместите на островот. Тој нуди неверојатна глетка кон морето и располага со едни од најдобрите базени на островот.

6. Црквата "Панагија Парапортиани" е една од најстарите цркви на островот. Таа одговара целосно на стилот на зградите на Миконос.

5. Елија е многу убава плажа, каде може да пливате во тиркизни води, или да се релаксирате под сламени чадори.

4. "Малата Венеција" е одлично место да пиете или да каснете нешто и да уживате во ветерниците на Егејското Море.

3. "Како Мили" се нарекува најфотографираниот дел на Миконос, во кој се наоѓаат петте големи ветерници кои се иконата на островот.

2. На Миконос има голем број на убави плажи, но многу од нив се пренаселени. Плажата Платис Гиалос е идеална за луѓе кои сакаат мир.

1. Делос е мал остров до Миконос, во кој се задржани многу важни древни урнатини. Тој е одминувано место од туристите кои летуваат на Миконос, затоа вие може да се насладувате во неговите убавини.


Слично

Поврзани вести