Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Месец дена пред да наполни 91, кралицата јава коњ

(ФОТО) Месец дена пред да наполни 91, кралицата јава коњ

Месец дена пред да наполни 91 година, кралицата Елизабета Втора се оддаде на јавање коњ. 

И покрај возраста, таа јава коњ на брегот на реката Темза крај Виндзорскиот замок. 

Кралицата јава коњ облечена во бели панталони и темносин мантил.  На главата Елизабета носи шамија во крем боја.

Како што пишува британскиот весник „Телеграф", кога јава, таа секогаш ја покрива главата, за да не ја расипе фризурата.

Опкружена со животните уште од дете, еднаш таа сподели дека само на 3 години јавала коњ. 

Денес Елизабета Втора го троши поголемиот дел од своето време во замокот Виндзор, отколку во Бакингемската палата во Лондон.

Слично

Поврзани вести