(ФОТО) Meissen Couture® – 300 години луксуз
Meissen Couture® по традиција е најбогатата куќа со префинети уметности и рачно направен луксуз ...
Во текот на 300 години од своето постоење, откако ја основал Императорот Август Силен во 1710 година, најбогатиот европски произведувач на порцелан развил се и станал интернационален „Luxury Lifestyle“ бренд кој ја збогатува секоја сфера на животот со својата префинета “Joaillerie” колекција, ексклузивни и модерени “Couture & Accessories” колекции и рафинираните “Home & Art” линии.
Meissen Couture® брендот претставува „дискретен европски луксуз“. Нивните креации се проткаени со драгоцено наследство, убавина и сензационалност кои одат далеку од обичниот функционален дизајн и пригодно ги изразуваат животниот став и културна свест. Тие се дефинирани со префинета кралска елеганција, бескомпромис, легендарна аспирација кон квалитетот и многу високо ниво на вредност, што е елемент кој секој интернационален колекционер умее да го цени. Креациите на овој бренд се ценети во сите музеи ширум светот и редовно достигаат високи цени на интренационалните аукции. Предметите кои тие ги креираат се пренесуваат од генерација на генерација со векови, како ценети и драгоцени украси на секој дом - во улога на драгоцени спомени од минатото и паметна инвестиција во иднината. Пред се, Meissen Couture® брендот го следи епитетот на уникатноста, со оглед на тоа дека секој нив предмет е рачно направен со желби на „најдосадните“ клиенти на ум, како и познавачи кои преферираат страст и љубов кон деликатните детали.
Инспирирани со возбудливи патувања и откритиа низ нивните три стара архива, секоја од модерните креации на овој бренд всушност е модерна интерпретација на многу важно европско наследство во сфера на уметноста и културата, која само вистинските познавачи ги ценат.
Meissen Couture® Luxury Group
Meissen производството, кое се наоѓа во покраината Саксонија во Германија е клучен елемент за оваа група. Таа служи како центар на одличност за сите производи од фин порцелан, до врвно рачно насликан декор на фини материјали како свила, порцелан и кожа. По важноста, веднаш после германските производни единици е онаа која се наоѓа во Италија, односно во Милано.
Во неа се развиваат “Couture”, “Joaillerie” i “Home” производи под стога контрола. Тука е иначу сместен и интернационалниот дистрибутивен центар, како и Villa Meissen Couture®, односно европскиот бутик на овој бренд.
MEISSEN COUTURE® Luxury Group сега има свои претставништва во повеќе од 30 земји ширум светот кои ги покриваат локалните компании MEISSEN® Italia, MEISSEN® UK, а во Азија тоа е MEISSEN® ASIA PACIFIC со регионално седиште во Хонг Конг. На Блискиот Исток, оваа компанија соработува од Либан. Моментално имаат околу 650 вработени ширум светот, а во сопственост се Саксонија од 1918 година. Ова е еден од главните германски брендови, а се смета и за важно културно наследство за Германија поради својата единствена историја и традиционална изработка на префинети предмети.









