Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Луксузен стан со поглед на река

(ФОТО) Луксузен стан со поглед на река

Оој луксузен стан со пет спални соби се наоѓа на „Upper West Side“, има грандиозни пропорции и панорамски поглед на реката Хадсон...

Неговата цена е само 10.7 милиони долари. Откако зачекорите во фоајето, ќе ве поздрави величенствениот простор за прием на гости со феноменален поглед на реката и Џорџ Вашингтон мостот. Овој грандиозен простор за прием на гости и забави има преубав камин и „Gaggenau“ винскиот кабинет со доволно место за 70 флаши. Подовите се направени од преубаво и издржливо „Barrel Brown Stone Grey“ дрво.

Пространата кујна со трпезарија во која има доволно место за шесторица е сместена на северно-западниот дел на станот и исто така има преубав поглед кон реката. Кујната е направена по мерка светла и прозрачна, содржи голем кујнски простор каде може да седнат тројца луѓе со максимална удобност. Дури и оној „најголемиот“ кувар ќе биде задоволен со апаратите кои се вградени а сите го носат потписот на Miele што е гаранција за долготраен квалитет. Инаку горните плочи во оваа кујна се направени од Bianco Dolomite мермер, додека задниот дел е дело на Porcelanosa брендот, а славината и судоперот се дело на Franke брендот.

Во овој стан постојат две многу привлечни мастер спални соби - едната има поглед на реката додека другата има поглед на улицата. Мастер тоалетот исто така има завршни детали од Bianco Dolomite мермерот од Италија, со прилагоден кабинет. Покрај тоа, тука се три добро дизајнирани спални соби со подеднакво привлечен поглед. Секој од трите тоалети имаат Carrera златни порцелански плочки и завршни детали од Porcelanosa брендот.

Слично

Поврзани вести