Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Љубовни изненадувања: Капитол Мол во месецот на љубовта организира Минибазар

(ФОТО) Љубовни изненадувања: Капитол Мол во месецот на љубовта организира Минибазар

Можете да го разгледувате универзумот и да барате некој што ги заслужува вашите љубов и внимание или едноставно можете да појдете во Капитиол Мол од 11 до 14 февруари и да уживате во сите љубовни, музички или чоколадни изненадувања.

IMAG0376

Во месецот на љубовта и на чоколадата, Капитол Мол за своите потрошувачи организира Минибазар кој ќе биде исполнет со најразлични вкусни изненадувања, „Купидон” играта во која секој може со стрела да го погоди омилениот подарок, а најзаљубените можат да уживаат во романтичната атмосфера и изведбите на љубовни песни на пијано.

За изненадување на сите токму на Св.Валентин во приземјето во трговскиот во Капитол Мол ќе се отвори новиот ланч бар „Campione Cafe“.

IMAG0373

Посетителите ќе добијат ново место за уживање во кафето и вкусната храна во еден комплетно урбано уреден ентериер кој допрва ќе ја раскажува својата приказна.

IMAG0378

„Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој љубовен амбиент и да освојат супер награди за своите најсакани. Сакаме на нашите лојални потрошувачи и посетители да им обезбедиме атмосфера во која секој ќе се почувствува посреќен, отколку пред да влезе во Капитол Мол.

IMAG0369

Во нашето срце има љубов за сите, затоа креираме содржини кои на потрошувачите и сите посетители ќе им обезбедат дополнителна вредност и повеќе уживање во месецот на љубовта“ - изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Слично

Поврзани вести