Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Летувате на Ситонија? Ова се плажи на вториот крак кои не смеете да ги одминете!

(ФОТО) Летувате на Ситонија? Ова се плажи на вториот крак кои не смеете да ги одминете!

Ситонија дефинитивно ги поседува едни од најубавите плажи во соседна Грција.

Изобилуваат со примамлив бел песок, кристално бистра и тиркизна вода а сигурни сме и дека ќе ви станат едни од омилените поради пријатната атмосфера за опуштање која ја имаат.

Не е лесно да се одберат најубавите, затоа ние направивме листа од оние кои ги фалат туристите, а вие треба да ги посетите.

Kalamitsi

Плажа која има апсолутно сè – чисто море со прекрасна боја, ситен песок, простор колку што сакате, дел кој е одлично опремен со чадори и лежалки, како и таверни на сама плажа.

Karidi

Егзотиката на Ситонија се наоѓа токму тука. Многу лесно ќе се прелажете дека сте на некој остров на Кариби, што секако не е лошо.

Lagomandra

Супер чиста и уредна плажа, за оние кои не сакаат многу да истражуваат, туку играат на сигурно. Одлична е за со дечиња, за заљубени парови и за млади.

Kalogria

Песочна плажа со природна ладовина. Оваа плажа во сезоната е многу посетена, заради што е пожелно да одите порано. Најубавиот дел е оној близу Mango хотелот.

Orange beach (Kavourotripes)

Најпознатата плажа на Ситонија, посебно помеѓу оние кои сакаат авантуристички и недопрени места. Само внимавајте, бидејќи во екот на сезоната секогаш е полна.

Koviou 

На 6 километри од Никити, оваа малечка плажа е со прекрасна боја на морето и со малку природна сенка. Одлична е за нуркање и авантури под вода.

Слично

Поврзани вести