(ФОТО) Летувањето во екс Југославија беше закон: Потсетете се зошто!
Сезоната на одмори е во ек, а просечно македонско семејство повторно прави план како оваа година да скрпи крај со крај и да помине неколку дена на море, впивајќи сончеви зраци и уживајќи во заслужениот одмор.
Но, со оглед на финансиската ситуација во просечните семејства, заминувањето на море и не е баш едноставно.
Токму тоа е вистински момент за малку носталгија и враќање во времето кога се било се поедноставно, а многу од нас/вас само деца, целосно незаинтересирани за тоа како родителите имале пари да ни/ви го дозволат тоа брцкање во вода.
Па да почнеме.
Мама би подготвила сендвичи за пат. И тоа оние „вистинските“ со салама...

Стариот би ги „фрлил“ куферите во автомобилот (или приколка, ако за тоа имало потреба) ...

Сокови и храна ќе натрупавме во преносните фрижидери.


И ќе тргневме на пат...

По стариот пат секако...

Возилата и не биле кој знае што, но имаа некој шарм. И ако им е за верување на рекламите, жените ја сакале таа неодолива Застава 101 ...

Некои би заминале во кампови


Каде утрата ќе ги дочекувавме со ваков поглед

Тука се и еспадрилите ...секако


А на децата совршено за игра ...

Малку нуркање...

Уживанција во сладоледи



Или сокови...

Гимите за пливање и душеците тогаш беа далеку поквалитетни и не се уништуваат истиот момент кога би се допреле со камени (посебно оној црвено плавиот-неуништлив)

Само нагазнете на пумпата и тоа е тоа ...

На пријателите и семејството (баба, дедо, тетка) ќе им пратите разгледница...


И додека некои веруваа дека на фотките изгледаат вака...







Ќе се качевте во чамецот на дување...

Или ќе ставевте наочари за сонце да не видат дека гледате како сек*уален манијак бидејќи според фотките на плажите во осумдесетите имало што да се види...





