Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Куќа за оние кои сакаат да „живеат на ивица“

(ФОТО) Куќа за оние кои сакаат да „живеат на ивица“

Иако најверојатно сте слушнале за изразот „живот на ивица“, постојат луѓе кои навистина сакаат ваков живот.

На ивицата на карпа во Австралија е замислен необичен дом со пет ката, кој нуди прекрасен поглед на море. Овој објект е наречен Куќа на ивица, а дизајниран е на барање на еден брачен пар, Ема и Дејвид, кои сакаат дом на некое „екстремно“ место. Тоа на крај и го добија, барем дизајнот.

Нивната „куќа“ е замислена на бочната страна на една карпа, а за нејзиното прицврстување биле користени челични колчиња.

Сопствениците во куќата влегуваат низ гражата на првиот кат, а со лифт стигнуваат до последниот. На вториот кат се наоѓа салон со отворена кујна. На третиот кат се две спални соби и еден тоалет. Под него се наоѓа уште една спална соба и апартман, а на последниот кат се наоѓа џакузи со простор за скара.

   
Слично

Поврзани вести