Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) КРАЛ НА БИБЛИЈАТА: Собрал дури 77 на 50 различни јазици

(ФОТО) КРАЛ НА БИБЛИЈАТА: Собрал дури 77 на 50 различни јазици

Хрватот Синиша Вуковиќ има едно необично хоби, собира Библии на различни светски јазици. 

Досега успеал да собере 77 и тоа на 50 јазици. 

Тој направи изложба на која ги презентираше Библиите кои ги собрал. 

Раскажува дека со ова хоби почнал пред 20 години кога во Рим сите купувале сувенири, а тој купил Библија на хебрејски јазик. 

„Се сеќавам дека беше скапа, и ми остана нешто ситно за една недела престој во Рим, но не ми е жал“ - вели тој. 

На подарок добил Библија од Аргентина на шпански јазик. 

Потоа стапил во контакт со луѓе од целиот свет и преку нив ги собрал сите тие Библии кои денес ги има. 

Најстарата Библија која Вуковиќ ја има е од 1813 година на германски јазик. Поседува и француска Библија од 1820 година и шведска од 1874 година. 

Има Библија на јапонски, кинески, арапски, ерменски, филипински, на нигерски јазик и други. 


Слично

Поврзани вести