Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) КОГА БИ МОЖЕЛЕ, СИТЕ БИ ЛЕТУВАЛЕ ОВДЕ: Тропски остров создаден за уживање!

(ФОТО) КОГА БИ МОЖЕЛЕ, СИТЕ БИ ЛЕТУВАЛЕ ОВДЕ: Тропски остров создаден за уживање!

Помеѓу Карипското море и Атлантскиот океан се наоѓа вистински мал рај на земјата-Барбадос.

Оваа островска држава спаѓа во една од најпопуларните туристички дестинации на светот, а исто така е и една од државите со највисок стандард.

Рамните предели на овој тропски рај ги краст преубави песочни плажи, кои ги обиколува тиркизна, кристално чиста вода, како и бујна вегетација.

Спас од големи горештини во оваа тропска земја мештаните и туристите пронаоѓаат под раскошните палми и сламени чадори, кои секоја година привлекуваат голем број туристи.

Внатрешноста на островот ја красат и пространи плантажи на шеќерна трска.

Исто така, во внатрешноста на Барбадос се наоѓаат и голем број мочуришта кои не би требало да ги посетувате без водич кој добро ги познава.

Доколку ви се укаже прилика да летувате на Барбадос, оние кои го посетиле задолжително препорачуваат истражувачка подморница-нуркање и посета на остатоци од потонати бродови и глетка на многу ретки подводни видови е доживување кое не се заборава.


Слично

Поврзани вести