Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Ќерката на диктаторот си купи палата за 58 милиони долари во САД

ФОТО: Ќерката на диктаторот си купи палата за 58 милиони долари во САД
Помалата ќерка на претседателот на Узбекистан, Лола Исламова Каримовa-Тилaева си ја купи луксузната вила „Le Palais“ во Беверли Хилс, Калифорнија. Вилата се продаваше од лани по цена од 58 милиони долари. Според податоците на „The Real Estalker“, трансакцијата била склучена од името на една компанија, но медиумите открија дека зад неа стои семејството на претседателот на Узбекистан. Претходниот сопственик на луксузната палата е американскиот дизајнер на ентериер, архитект и претприемач Мохамед Адид кој самиот го дизајнираше објектот. Во зградата има седум спални, единаесет бањи, уметничка галерија, сала, кино, лифтови, библиотека и покриен базен во источен стил. Во дворот се создадени неколку тематски паркови со фонтани и вештачки езера.  
Слично

Поврзани вести