Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Каде се наоѓа рајот за обожавателите на пиво?

(ФОТО) Каде се наоѓа рајот за обожавателите на пиво?

Каде патуваат пиво пијачите? Таму каде што пивото е најубаво и најефтино. Погледнете ги цените на пивата во најголемите европски градови.

Според студијата која ја спроведе сајтот  GoEuro, за пиво од 0,3 литри во престолнината на Норвешка мора да издвоите во просек околу 3,55 евра, во Цирих 3,04, а во Токио  3,03 евра. Тоа се воедно три града во кои пивото е најскапо.

Пиво пијачите својот омилен пијалок во Лондон ќе го платат околу 2,13 евра, во Сингапур 1,92 евра, во Хонг Конг 1,84 евра, а во Рио де Женеиро околу 1,72 евра.

На другата страна на оваа листа, меѓу градовите во кои пивото е најефтино, победник е Варшава, каде овој пијалок чини во просек околу 0,64 евра.

Со оглед на тоа дека германските и чешките пива се познати во светот, не чуди ни тоа што се Берлин (0,66 евра) и Прага (0,75 евра) на втората и третата позиција градови во кои пивото е најефтино. Овој алкохолен пијалок е исто така ефтин во Лисабон и Даблин (0,78 евра), Мексико Сити  (0,79), Боготи (0,82), Будимпешта (0,83), Мадрид  (0,85) и Амстердам (0,86 евра).

„Пивото е популарно речиси во сите земји и е неминовен дел од летувањето. Поради тоа е важно патниците да знаат колку чини пивото во светските градови“ изјави основачот на сајтот  GoEuro, Нарен Шам.

Слично

Поврзани вести