Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ја оставиле работата за да патуваат, но не е се така лесно и совршено

(ФОТО) Ја оставиле работата за да патуваат, но не е се така лесно и совршено

 Сајтот Bright Side раскажува приказна која е импресивна и многу поучна. 

Стево и Шанел своето патување го почнале од родната земја во Јужна Африка. 

Тие пред година дена ја напуштиле работата во маркетинг за да видат колку далеку од дома можат да отпатуваат. 

На својот блог „How Far From Home“ споделувале искуства и фотографии од местата каде патувале. 

Но, овие млади авантуристи сакаат со читателите да ја споделат и другата страна од патувањето. 

Тие попат работеле и многу работи кои можат да им донесат пари. 

Шанел вели дека исчистиле 135 тоалети и ископале 2 тони камења, асфалтирале патишта, наместиле многу кревети, наредиле многу полици во продавници со намирници, миеле чаши. 

„Самиот пат физички исцрпува. Не сум најприлагодлива личност на светот.  Нашата храна претежно се состои од кекси со џем. Спиеме околу 5 часа дневно и ги носиме нашите проклето тешки торби“ - вели девојката. 

Кога тргнале на патување си ветиле дека нема да се откажат и раскажуваат дека стекнале многу животни искуства. 

Слично

Поврзани вести