(ФОТО) ИЗБРАВТЕ КАДЕ НА ОДМОР? ТОП 10 плажи со најчисти води во Грција издвоени само за вас
Грција е позната по своите прекрасни плажи со кристално чисти и тиркизни води. Некои од нив изгледаат како слика која не може да се долови со фотоапарат или телефон. Изданието Best of Greece ги претставува топ 10 плажите со најчисти води кај јужниот сосед. Тие дефинитивно вреди да се посетат.
10. Агиофили, Лефкада

Агиофили е една од најмалку познатите плажи на островот Лефкада. Јонското Море има многу убава тиркизна боја на оваа плажа.
9. Агиос Спиридон, Крф

Агиос Спиридон или Свети Спиридон е друга неверојатна плажа во Јонското Море. Водите повторно и се тиркизни и чисти.
8. Порто Кацики, Лефкада

Водите на оваа плажа се кристално јасни. Покрај прекрасните бои, туристите можат да го видат дното на Порто Кацики.
7. Пори, Ано Куфониси

Кога зборуваме за кристално тиркизни води не треба да ја пропуштите плажата Пори во Ано Куфониси.
6. Сарти, Халкидики

Халкидики е едно од малите места во рангирањето што не е остров, а е дел од копното. Плажата Сарти ги има едни од најтиркизните води во земјата.
5. Линдос Беј, Родос

Линдос е многу убава туристичка зона на островот Родос. Таа привлекува со тиркизни плажи, луксузни летувалишта и чистите води.
4. Навагио, Закинтос

Навагио е можеби најубавата плажа во Грција и дефинитивно не и недостасуваат тиркизни води кои ќе го воодушеват секој кој ги гледа.
3. Миртос, Кефалонија

Обично Навагио и Миртос се на врвот на секоја класификација поради природната убавина, која ја поседуваат. Во оваа листа не ги заземаат првите места, но дефинитивно водите им се тиркизни и чисти.
2. Балос, Крит

Балос го освои второто место, како поради прекрасната природа, така и благодарение на тиркизните води, кои граничат до каде можат да видат очите.
1. Вутуми, Антипаксоли

Плажата Вутими е со најтиркизни води во Грција. Таа е едно од најпопуларните места за љубителите на обоени води.
