Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Италијанец сакал да отпуши цевка, а открил целосно непознат подземен свет од времето пред Исус

ФОТО: Италијанец сакал да отпуши цевка, а открил целосно непознат подземен свет од времето пред Исус

Единственото нешто што Лучијано Фагиано го сакал кога ја купил навидум обичната зграда во улицата Асканија Гранди во италијанскиот град Лече беше да отвори траторија, но проблем претставувал тоалетот.

Со оглед на тоа дека одводот често бил затнат Фагиано ги задолжил своите два сина да откријат што се наоѓа во средината. Мислел дека работата ќе потрае недела дена - и многу погрешил.

streetview2-460_810398S0

„Пронајдовме подземни тунели и простории па продолживме да копаме“, раскажува Фагиано (60) за Њујорк Тајмс.

Потрагата за проблематичната цевка која почнала пред 15 години, се претворила во семејна археолошка сага. Пронашле подземен свет од времето пред Исус, месапски гроб, римски амбар, француска капела и гравирани витезови темплари. Неговата траторија станала музеј а нови експонанти пронаоѓаат и денес.

streetview3-460_810401S0

Слично

Поврзани вести