Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Историскиот дворец на облаците во Јапонија

(ФОТО) Историскиот дворец на облаците во Јапонија

Изграден пред неколку столетиа на врвот на 300 метри високата планина во перфектурата Hyogo во округот  Asago Wadayamacho, дворецот Такедо е една од најпознатите атракции во Јапонија која секој ден ја посетуваат над стотина а понекогаш и илјада туристи.

Овој дворец станал познат дури во 2012 година откако е прикажан во еден јапонски филм, а најпопуларен е за време на есента кога секое утро под него се испушта густ облак на магла поради кој дворецот изгледа како да се наоѓа на облаци.

Се верува дека дворецот го изградил господарот Yamana самурај во 1443 година. Историјата ни говори дека од тогаш се промениле неколку сопственици, се додека не му припаднал на  Hirohid Akamatsu во 1600 тодина. Hirohid бил обичен војник кој се ворел за владарот Tokugawa, а Такедо го добил како заслуга за својата храброст во битките. За жал, после година дена тој извршил seppuku-ритуално самурајско убиство, а бидејќи тој бил последниот владател на дворот, истиот тогаш останал напуштен.

Неизбежно е да структура стара како Дворецот Такедо почне да покажува знаци на распаѓање. За да би ја сочувале успешно, локалните власти во моментот наплаќаат влез, а сите пари ќе бидат наменети за негова реставрација.

Слично

Поврзани вести