(ФОТО) ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МАГИЈАТА: Каде да отпатувате за Новогодишните и божиќни празници?!
Новогодишните и божиќни празници претставуваат најубав период за патување (ако не сметаме на летото) , бидејќи градовите ширум светот се украсени во полн сјај додека амтосферата во нив е волшебна.
Ако посакавте да отпатувате некаде за време на овие празници, за вас издвоивме четири градови кои едноставно изгледаат боженствено и кои навистина треба да ги посетите во тој период од годината.
Виена, Австрија

Сезоната на празниците во главниот град на Австрија е магична, така да ако ја посетите во некој друг период - нема да можете нешто слично да доживеете. Цел декември улиците на Виена се декорирани во големи, украсни дрвја, додека шетајќи може да дегустирате печени костени или готвено вино и да се стоплите,
Стразбур, Франција

Овој град во регионот Алзас во Франција, со други зборови се нарекува „главниот град на Божиќ“ и тоа со причина. Старзбур е дом на првиот европски божиќен базар чија традиција почнала во дамнешната 1570 година. Сега секоја година оваа празнична дестинација оживува со концерти и голем број декорации, како и мирис на зачини и цимет на кој мирисаат улиците.
Келн, Германија

Келн се наоѓа на реката Рајна и оживува во текот на божиќните и новогодишни празници. Божиќниот базар пред катедралата е најголем и најимпресивен, бидејќи во него се наоѓа и лизгалиште, музика во живо и доста светилки. Помалите божиќни базари се наоѓаат во околината на градот и во нив можете да пробате баварска храна, да купите декорации и готвено, зачинето вино.
Рејкјавик, Исланд

Што поблизу сме до Арктичкиот круг, толку празниците се помагични. Во Рејкјавик декември е еден од највозбудливите периоди од годината. Иако го карактеризираат само неколку часа дневна светлина, овој град е весел и силно светкав. Околу градот, многу божиќни места продаваат традиционална исландска храна, димено месо, колачиња од ѓубиров леб и готвено вино.
