ФОТО: ИНТЕРЕСНА ПРОФЕСИЈА: Патува сам со авион и пие шампањско
Деветнаесет годишниот Алекс Махерас има за задача да патува со штотуку произведени авиони, сам со екипажот и да ги споделува искуствата на социјалните мрежи со идните патници, но и со индустриите.

Тој за една година бил на сите континенти.

Раскажува дека презентирањето на новиот авион е свечен чин со музичари и актери.
„Често пред полетување мораме да се распоредиме насекаде по авионот за да има рамнотежа“ - вели тој.
Потоа тој може да се шета по авионот, да пие шампањско и да вечера.
Како аналитичар за авијација вели дека авионите многу напреднале со текот на годините.
Тој го пробува секое седиште и на социјалните мрежи дава коментари каде е најдобро да се седи.

Слично
