Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Интересна фотелја за читање

(ФОТО) Интересна фотелја за читање

Дури и кога луѓето излезат со своите пријатели, технологијата често ги превзема вообичаените разговори. Не е реткост да видиме луѓе како се задлабочиле во нивните паметни телефони, заборавајќи дека во нивна близина се наоѓаат личностите со кои би можеле да комуницираат.

Истата работа се случува и дома, кога телевизорот или лаптопот имаат предност во однос на класичните книги или дневни весници. Можеби е грешката во начинот на кој работите се дизајнирани.

Дизајнерите од американското„Студио Тилт“ сакаа книгите да ви ги приближат, па успеале да ги вклопат во удобната столица „Open Book Chair“ која е згодна за читање на инспиративни книги. На едната страна од столицата се наоѓа просторот наменет за дневни весници додека другата страна за книги. Со минималистичка декорација на и сиромашен дизајн сите погледи ќе бидат насочени кон содржината на интересните книги.

Звучи интересно, нели?

Слично

Поврзани вести