Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Има 86-години и е сам реклама на својот бизнис

(ФОТО) Има 86-години и е сам реклама на својот бизнис

Запознајте се со Али. Тој има 86 години, но се уште е пример за стил и облека. Може да го сретнете на улиците во Берлин.

Тој и оставил силен впечаток на фотографката Зое Споутон која често го среќавала наутро на пат кон работа. 


Таа почнала да го фотографира уште во 2012 година и тоа траело 3 години, до 2015 година.

Али е од турско потекло и се преселил во Германија пред 4 децении. Во татковината бил лекар, но во Берлин решил да се посвети на нова професија и станал кројач.

Фотографката почнала редовно да го фотографира и дури да одржува регуларен блог наречен „Што носи Али“.

Со неверојатно стилски костими, Али е подвижна реклама на својот бизнис.

Погледнете ги и вие неговите различни костими, негово сопствено производство, запечатени од објективот со текот на годините.

Слично

Поврзани вести