ФОТО: Има 27 години и ги обиколи сите земји во светот
27-годишната Американка Каси де Припак е најмладата девојка која го обиколила светот.

Била во 180 земји со вкупно 254 летови, а и остануваат уште 26 патувања со авион.
На 25-от роденден таа почнала планирање на патување насловено како „Експедиција 196". Во него биле вклучени 193-те суверени нации, Тајван, Косово и Палестина.
Патувањето низ овие земји чини 198.000 долари, а на девојката и остануваат уште 45 дена да ги посети останатите 16 дестинации од листата.
„Уште кога бев во училиште, сакав да ја посетам секоја земја во светот. Возбудлива ми е културата, природната средина, религијата" - вели Каси.

Каси објаснува дека поминува во просек од 2 до 5 дена во секоја земја. Како амбасадор на мирот на Меѓународниот институт за мир преку туризам, додека патува, таа се среќава со студенти и дискутира со нив за туризам и економија.
Таа престојува во луксузни хотели, а снимки и фотографии од хотелите објавува на Инстаграм.
