(ФОТО) ИГРАЧКИ КОИ ГИ УБИЈА КОМПЈУТЕРИТЕ: Новите генерации никогаш нема да ја почуствуваат оваа забава!
Дали воопшто и припаѓате на онаа генерација која целото детство го помина во зелени дамки од трева, играјќи миженка или жмурка, трчање по топка низ непрегледна ливада, ластик???
Тогаш сигурно со носталгија им се враќање на спомените на сите тие играчки кои претставуваа најголемо задоволство на тогашните деца, како фризби, хулахоп, расипан телефон, Штркот бара боја, „На буквата, на буквата...“ ...
Немало поголема среќа за девојчињата кога баба ќе им сошие кукла.

За жал, овие играчки компјутерите ги прегазија и целосно исчезнаа и од употреба и од продажба. Ретко, каде денес можете да најдете, на пример, јаже кое ги интригираше децата со непрестајно скокање и вртење. А и ретко кое дете денес би сакало да си игра со тоа, бидејќи „мора да ги следи и работи се што и неговите врсници“.
Дали се сеќавате како девојчињата им се радуваа на прескокнувањето на ластик или вртење на хулохоп? А јо јо? Таа мала топка која со својот прст ја спуштате и подигнувате, во тие години изгледаше како магија.

Ништо не можеше да го замени трчањето на свеж воздух и истражување на нови пространства. Немавме пари за топка? И пластична чинија можеше да имитира фризби-беше важно дружењето!

А кој барем еднаш не застанал на скршена лего коцка, тој не знае што е детство! Секако, на изгубена коцка и така скршен и распаран комплет...А ни тоа не беше важно, го сакавме она што го имавме и никој не се натпреварувал и истакнувал дека е скапо, маркирано и поубаво.

Не, не бркавме чудовишта и не пукавме на терористи со слушалки на глава, седнати пред компјутер како зомби. Децата од нашето детство си играа војници-пушки им беа стапови, а главна поента на играта трчање и смеа.
Беа и камионџии-во пластични приколки влечеа каменчиња, овошки, гранки, се што можеше да се најде наоколу.

А кога им недостигаше армијата војници, тоа беа пластични фигурки, кои ги чувале за дожделиви денови, кои децата никогаш не ги сакаа, бидејќи им ја ограничуваа слободата и игра под сончевото небо.

Штета што денешните генерации никогаш нема да ја искусат радоста и забавата кои ги пружаа овие играчки и игри!
А дали можеби размислувавте за тоа како децата порано биле многу поздрави, а дебелината кај нив многу ретка појава? Дали тоа можеби има врска со големата количина на физичка активност, во која им поминуваше цел ден?
Размислете за тоа!
И ако ви текнува некоја игра од вашето детство, пишете ни ја во коментар!
