Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) И ВИЕ МОЖЕТЕ: Тие од „youtube“ заработиле милиони во 2016 ...Како?

(ФОТО) И ВИЕ МОЖЕТЕ: Тие од „youtube“ заработиле милиони во 2016 ...Како?

Можеби мислите дека од снимките на Јутјуб не може многу да се заработи, но тие се тука да ве демантираат.

Форбс ја објави листата од најплатени јутубери и ќе се шокирате кога видите колкави суми заработуваат.

Број 1: Феликс Кјелберг

Швеѓанецот кој има 26 години, на Јутјуб е познат под прекарот PewDiePie, и веќе втора година по ред е на тоа место. Има убедливо најмногу претплатници (луѓето кои следат некој профил) , вртоглави 49,6 милиони и заработува уште 15 милиони од видеа на кои се снима додека игра видео игри.


Број 2: Роман Атвуд

Овој 33-годишник од своите шегобијни видеа приходува околу осум милиони долари.

На трето место: Лил Синг

Позната и како „Супер жена“ оваа канадска комичарка/раперка претендира наскоро да го зеземе второто место со фини 7,5 милиони долари годишно.

Четврто место: Ентони Падиљо

Половина од комичниот двоец Смош има доста причини за смеа со оглед на тоа дека инкасирал околу 7 милиони преку својата онлајн платформа.

Петто место: Тајлер Укли и Розана Пансино

Активистика и познат пекар заработуваат поединечно и двајцата дотуркале до 6 милиони.

Шестото место го делат: Марк Фишбах и Херман Гармендиа

Гејм блогер од Хаваи и музичарот Герман, инкасирале околу 5,5 милиони долари секој поединчно.

И на крај: Колин Балингер и двоец Рет и Линк

Актерката и пеачка позната како Миранда Сингс и онлајн дуо , кои себе се нарекуваат забавувачи дофрлуваат до не така лоши суми од пет милиони за своите клипови.

Вау. Можеби би можеле сите да отвориме Јутјуб канал, кога се работи за толку пари. Не им завидуваме...воопшто ..Ма да...

Слично

Поврзани вести